Категории

Денес се слави Свети Василиј Велики, еден од тројцата најголеми црковни учители – за многу години!

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан.

Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.

Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден.

Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Прегледи:
549
Објавено на:
14.01.2017