Денеска е голем празник: Строго е забрането да се прави ова!

Денеска се празнуваат Свети Вартоломеј и Варнава.
Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варнава, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.
Се верува дека на овој ден на еден од 12-те апостоли, Вартоломеј, не смее да се работи ништо, особено не да се копа и ора, бидејќи тој нема да им прости на оние кои нешто ќе работат. Оној кој ќе работи на овој ден можно е да има штети поради невреме, поплава и град.
Денеска е забрането качување по дрва и капење во река.



Коментари

[fbcomments]