Категории

Денеска е католички Божиќ: Католиците го слават раѓањето Христово

Денеска католиците го слават Божиќ  или Рождество Христово, денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Божиќ претставува втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25 декември.

Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Со вечерата на Бадник завршуваат предбожиќните пости. Оваа вечер се кити бор кој се раскитува на 5. јануари. „Во Босна во куќите на соседите се носи по една гранка на подарок и тоа се нарекува бадник. Во околината на Загреб, тоа не е обичај. Исто така, во Босна за Бадник се пече прасе, а во некои делови од Хрватска гуска или кокошка. Прасето или гуската се јаде на полноќ, откако се враќате од полноќната миса, а преку денот некои постеле и не јаделе ништо, додека други јаделе само риба.

На Божиќ повторно се оди на миса и потоа се честита, но само со најблиското семејство. На Божиќ исто така не се работи ништо, па затоа големото генерално чистење се завршува пред Бадник.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Денешниот ден, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија

Прегледи:
308
Објавено на:
25.12.2019