Категории

Денеска е неверен петок – обратете внимание на партнерот, бидејќи ова е денот кога најмногу се изневерува!

Денешниот ден се нарекува неверен петок, бидејќи се смета за ден кога партнерите најмногу изневеруваат.

17 ноември е еден од последните денови кога некој може да се искраде  и пред празниците малку да згреши на страна, пред да почнат божиќните и новогодишните празници кои се преполни со дружба со пријателите и семејството, покажува едно истражување.

Истражувањето покажало дека од 500 испитаници, дури 79 проценти планираат да се видат со љубовникот или љубовницата во текот на денешниот ден или престојниот викенд. Целата недела е погодна за прељуба, па така претстојната недела бројот на прељуби е поголем за 30 проценти.

Истражувањето препупредува дека многу прељубници ќе го поминат со личноста со која ги изневеруваат партнерите. Повеќето ќе се решат за викенд надвор од градот.

Покрај периодот за кој е типично купувањето подароци, гледање со роднините и пријателите, новогодишните и божиќните празници се погодни за неверства и шарање. Затоа ако партнерот ви каже дека има планови за викенд или има службен пат, потрудете се да ве поведе со себе.

Прегледи:
267
Објавено на:
17.11.2017