Категории

Денеска се слави Свети Никола летен, никако не го правете ова

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија.

Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив.

На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

На овој ден според верувањата никако не смее да се пере облека, да се чисти куќа или да се работата куќни работи. Во некои краеви имало обичај на дарување на деца на денешниот празник, зошто Свети Никола е нивен заштитник.

Прегледи:
535
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.05.2017