Категории

ДЕСЕРТ КОЈ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СИТЕ НУТРИЦИОНИСТИ: Рецепт за слатки, енергетски бомбици – подготвени за 20 минути

Десерт кој ја буди енергијата – Направете здрави и вкусни енергетски бомбици по рецептот на Џејми Оливер!

Славниот готвач Џејми Оливер со тим на нутриционисти создаде енергетски десерт со многу хранливи и здрави состојки. Овие бомбици ќе станат вашата омилена закуска.

 

Состојки:

  • 70 гр. семки од тиква
  • 20 гр. варен ориз
  • 50 гр. бадеми
  • 80 гр. урми
  • 1/2 лажичка куркума во прав
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 1 лажичка какао во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 лажица мед
  • 1 портокал

 

Подготовка:

Во блендер ставете 40 гр. семки од тиква, оризот, бадемите и урмите. Кога ќе ги изблендирате убаво овие состојки додадете ја куркумата, циметот и исцеден сок од половина портокал. Промешајте додека состојките не се соединат убаво, а потоа додадете ја ванилата и медот, па добро измешајте. Ако вашата смеса е сува, додадете повеќе сок од портокал.

Во блендер, изблендирајте 30 гр. семки од тиква. Со влажни раце направете 24 бомбици и извалкајте ги во мелените семки од тиква.

Прегледи:
545
Објавено на:
03.02.2020