Десерт на денот: Леден чизкејк со шумско овошје (РЕЦЕПТ)

За љубителите на слатките десерти, ова е вистинскиот рецепт во кој ќе уживате во секое залче!

Фил: 

  • 200 гр шумско овошје
  • 100 гр шеќер во прав
  • 250гр крем сирење
  • 250 гр слатка павлака
  • 1 пакување бело чоколадо
  • 18гр желатин

Подлога:

  • 100 гр путер
  • 100 гр топчиња интегрални ( за емби правење )
  • 1 пакување бело чоколадо

Прелив:

  • 1 пакување темна чоколада
  • 100 гр путер
  • 1 пакување шлаг крем за декорација

Прво го приготвуваме филот: Ја матиме слатка павлака до степен на јако згуснување. Желатинот го раствараме и оставаме да набабри. Овошјето го блендираме добро, го растопуваме желатинот на малку топло и така течен го додаваме во овошјето. Во еден сад ги помешуваме овошјето, павлаката, растопената чоколада, шеќерот во прав и крем сирењето, соединуваме и ставаме во фрижидер. Оставаме да постои на ладно додека ја приготвуваме подлогата. На оган ги топиме белата чоколада и путерот и ја соединуваме со топчињата. Калапот каде ќе ја редиме подлогата го обложуваме со најлонска фолија. Притискаме на дното и ја ставаме подлогата. Го топиме и второто чоколадо темното со путер. Го прелеваме врз првата смеса и ставаме да се стврдне. Кога е стврднато го вадиме од калапот и го превртуваме од доле да дојде темната страна. Потоа го дополнуваме калапот со филот и враќаме назад во ладилник.. Вкусот е како овошен јогурт.

Добар апетит!




Коментари

коментари