Десерт од само 4 состојки: Направете брзи и слатки бомбици од банана

Со овој десерт можете да се опуштите затоа што не содржи шеќер и глутен.

Доколку сте нетолерантни кон глутен и избегнувате да јадете слатки, бомбиците од банана ќе бидат одличен избор да го засладите денот

 

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 100гр кокосово брашно
  • 40g сусам
  • 1 лажица какао во прав

 

Подготовка:

Сусамот сомелете го убаво. Изгмечете ги бананите и додадете ги сите останати состојки. Од кокосот додадете колку што е потребно за да се соедини убаво и за да може да се обликуваат бомбици, а остатокот искористете го за посипување. Наместо сусам можете да додадете лешници, ореви, бадеми … Препуштете и се на вашата имагинација. Можете исто така да по желба да додадете суво грозје, урми, црно чоколадо, мед. Комбинирајте и уживајте во новите вкусови. Истражувајте.

 




Коментари

[fbcomments]