Десерт за 20 минути: Вкусна орео торта! (РЕЦЕПТ)

Ова е омилениот десерт и на возрасните и на децата!

Состојки:

  • пакување орео кекси
  • 6 лажички путер
  • стопени 230 мл крем сир
  • 30 г шеќер
  • 2 лажички ладно млеко
  • 350 мл шлаг
  • 2 пачувања готов пудинг од чоколадо
  • 300 мл ладно млеко
  • 100 г чоколадни трошки

Подготовка:

Дното на плехот премачкајте го со путер. Чоколадниот кекс измелете го или едноставно истрошете го. Додадете го стопениот путер и месете додека не се создаде компактна маса. Ставете ја масата на дното на плехот и ставете ја во фрижидер да се стврдне.

За тоа време во подлабок сад изматете го крем сирот и додадете млеко и шеќер. Мешајте додека не се соедини. Изматете половина шлаг и додадете го на смесата. Прелијте преку корите и вратете го во фрижидер уште 10 минути да се зацврсти.

Пудингот помешајте го со ладното млеко и изматете додека не добиете компактна маса. Прелијте преку филот со шлаг, па повторно вратете го во фрижидер. на крај, премачкајте го остатокот шлаг, истурете чоколадни трошки и послужете!




Коментари

коментари