Категории

,,Детето” кое ЗНАЕШЕ, МОЖЕШЕ и УМЕЕШЕ

Сè уште не научив како да не си ги ставам сите работи на срце. После толку време јас сè уште бев ,,детето” кое за се нешто ќе се грижеше како да е најважната работа на светот, додека другите воопшто немаше ниту да помислат, јас со часови ќе се измачував. Како да не научив како да заборавам на работите кои можеби и навистина беа неважни. Како да не знаев да живеам правилно, верував во розов свет кој не повредува, а добивав само ,,ножеви” и сивило кое ми го откорна срцето.Се сеќавам дека беше 12 часот по полноќ. Светлината доаѓаше само од ноќната ламба, немаше никој. Надвор истураше како некој да потураше со кофа. Бев сам, немав на кого да пишам, немав на кого да се јавам. Сам на креветот во мојата дневна, покриен со едно ќебе преку глава, со мислите заробени во мојот мозок, се борев со себе за да сфатам зошто бев толку скршен, зошто толку болеше реалноста, зошто толку можеше да ме повреди светот.

Зошто сето тоа јас го дозволував? Се сеќавам дека таа вечер отворив една стара порака од моја блиска пријателка да ја наречам сестра во која пишуваше, „Кога една врата се затвора, друга се отвора, немој да стоиш долго пред затворената врата. Дај си време и простор, една загубена битка не е и изгубена војна. Не им придавај толку значење на работите. Потсети се кој си, тоа ќе ти каже сè. Ти си ,,детето” кое МОЖЕ, ЗНАЕ и УМЕЕ!” Во солзите со кои се гушев, како да добив просветлување. Три, четири реченици кои ме потсетија кој сум јас како личност што ми даде до знаење дека не смеев да дозволам да се скршам на тој начин. Иако во тој момент имав распарано срце и загуба на ДВЕ НАЈВАЖНИ личности во мојот живот од која едната личност е и мој оставен аманет и можеби сè беше толку нејасно, можеби сите сни делуваа уништени, разочарувањето беше над своето дозволено ниво, ме потсети колку напорно работев и се трудев изминатите години. Ме потсети кој сум јас, зошто сум таму каде што сум и дека не смеам да дозволам еден пораз да го дефинира мојот успех. Не смеев да се откажам! И НЕ СЕ ОТКАЖАВ!

Имав личност која многу ја сакам личност која знаеше или во себе си викаше можеби и уште вика ,,Дека тој (јас) е доволно силен да поднесе се, знаев дека животот да е во прашање пред мене ќе застане со раменици широки небаре карпа и ќе се бори со титани, ќе се бори со секој со се само „јас неговата сакана“ да бидам безбедна и среќна и затоа имам простор и пак и пак да го повредувам” Но заслужи ли тоа ,,дете” кое те сака со сето СРЦЕ да е толку повредувано?

Одговорот нема да го добиеш туку ќе го почуствуваш тогаш кога животот ќе те ,,удри по чело” тогаш самата на себе нема да можиш да си простиш и знам дека ќе си речиш длабоко во себе ,,јас ќе го паметам како мажот со најубавата душа, како некој што да ме разочара не знаеше, како некој што веруваше во мене како никој никогаш дотогаш и како некој што е дел од тоа што сум денес како личност. Како мажот кој не заслужува да биде заборавен А СЕГА Е ВРЕМЕТО ЈАС НЕГО ДА ГО НАПРАВАМ СРЕЌЕН” E јас ги имав и имам тие мисли во главата. Но сфатив дека сите неуспеси беа знаменца кон мојот успех и се она што го знаев за животот го научив токму од тие моменти. Всушност сфатив дека тоа беше таа лекција која никој не ја сака, но за да го поминеш тестот мора да ја научиш. Така станувавме силни и така стануваме љуѓе во вистинска смисла на зборот. И знам дека што и да ти се случува во овој момент НИЕ ДВАЈЦА сме силни луѓе и еден ден заедно ќе се сеќаваме и учиме од минатото и планираме и смеемее за иднината но со помисла и добро ,,животно школо” дека кога тие најтешко избриши ги солзите, на светот му треба насмеана, самоуверена, силна личност, а НИЕ сме многу повеќе од тоа!

Блаже Стрезоски

Прегледи:
732
Објавено на:
31.05.2018