Категории

Детокс диета за само 5 дена: Отстранете ги масните наслаги и исчистете го телото од штетни материи

Детокс диета за само 5 дена – здрав начин да го исчистите вашето тело и  да ја намалите телесната тежина!

Ова не е редовна диета, туку краток 5-дневен план за исхрана, кој ќе ви помогне да ги согорите маснотиите и да го подобрите вашето здравје, пишува Лавсенс.


Дневниот план за диета за детоксикација не вклучува гладување и големо откажување, туку само консумирање на здрави оброци, составени од намирници кои се познати како детоксикатори на организмот. На овој начин, вие го поттикнувате согорувањето и топењето на маснотиите и стекнувате здрави навики во исхраната. Совршено избраниот збир на храна помага да се исчисти телото од токсините.

Во продолжение, погледнете го планот за исхрана спрема деновите!

1 ден
Појадок – пудинг од ванила со семе од чиа
Ручек – Детокс салата (брокула, рукола, моркови, авокадо, маслиново масло)
Вечера – кафеав ориз со карфиол, сезонски зеленчук и сос

2 ден
Појадок – Смути од овошје и омилени ореви
Ручек – салата со морска храна
Вечера – леблебија и сок од лимон

3 ден
Појадок – Смути од спанаќ, авокадо, ананас и чиа
Ручек – салата од соја и печени индиски ореви
Вечера – сладок компир со сезонски зеленчук

4 ден
Појадок – Смути од боровинки или капини
Ручек – Киноа со мешунки
Вечера – Риба со зеленчук

5 ден
Појадок – Каша од киноа, бадеми и боровинки
Ручек – грчка салата со бадеми и авокадо
Вечера – салата со пилешко месо или риба, калинка или грст бадеми

Ова мени не содржи црвено месо, преработена храна, заситени масти и шеќер. Затоа е една од водечките детоксикации и диети. Важно е да ги ограничите порциите и да не грицкате ништо дополнително. Доколку сакате целосен ефект од диетата за детоксикација, треба физички да бидете поактивни.

Прегледи:
302
Објавено на:
28.08.2019