Категории

ДЕТОКС СОК- ја враќа силата на вашето тело и го штити организмот од болести: Потрбни ви се само 4 намирници

Рецепт за детокс сок што го прочистува организмот и ги стимулира одбрамбените механизми на организмот – еве го рецептот!

Ако се чувствувате уморни, сакате да ја обновите силата или да го заштитите вашето тело и да му ја обезбедите потребната доза на витамини и минерали, тогаш овој рецепт е оној за вас.

Овој детокс сок е веган, без глутен и млечни производи, а се прави исклучиво од природни состојки.

Главната улога во овој моќен детокс сок ја има коријандерот, кој ги отстранува тешките метали од телото, ја подобрува работата на мозокот, ги чисти цревата, помага при гастритис и го поттикнува варењето на храната.

Покрај коријандерот, важна улога во детокс сокот има и лимонот кој е најбогат извор на витамин Ц, ја подобрува функцијата на црниот дроб, ги зајакнува одбранбените механизми во организмот и ги спречува воспалителните заболувања.

Ѓумбирот е често неопходен во сите пијалоци за детоксикација, бидејќи има антивоспалително дејство, го зајакнува желудникот и го зајакнува имунитетот. Овој корен го стимулира лачењето на желудечниот сок, помага во варењето, циркулацијата и ја зголемува активноста на тироидната жлезда во создавање на хормони.

Друга состојка во овој пијалок за детоксикација е краставицата. Таа е богата со антиоксиданти и хранливи материи, го поддржува дигестивниот тракт, го хидрира организмот и ги отстранува токсините од организмот. Можете исто така да додадете и зелено јаболко во вашиот пијалок, што го олеснува варењето, има позитивен ефект врз здравјето на црниот дроб и е природен детоксикатор.

 

Состојки:

  • 2 коријандери
  • свеж ѓумбир
  • 4 излупени лимони
  • 2 големи краставици
  • 1 јаболко

 

Подготовка:

Од сите состојки исцедете го сокот според прикажаниот редослед. Истурете во чаша и промешајте. Уживајте!

Прегледи:
600
Објавено на:
23.12.2019