Категории

Децата кои растат со баби и дедовци се посреќни, попаметни и пообразовани

Љубовта, грижата и поддршката на бабите и дедовците има благотворно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања.

1. Се намалува ризикот од депресија

Емоционалната блискост на бабите и дедовците со внуците го намалува ризикот од депресија. Во студијата објавена во магазинот „Геронтолог“, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. Кога ги анализирале податоците научниците од Бостонскиот колеџ кои ги собирале 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај постарите и кај помладите генерации.

2. Се зголемува чувството на стабилност и сигурност

Бабите и дедовците им влеваат на внуците чувство на стабилност и емотивна сигурност. Во трауматични ситуации или во текот на семејни кавги, бабите и дедовците честопати се поддршка за внуците.

Истражувањето на универзитетот во Оксфорд покажало дека блиската врската помеѓу внуците и постарите генерации им помага на децата да се носат со трауматичните настани во животот, како што се малтретирањето на училиште или пак, разводот на родителите.

Истражувањето кое го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1.500 деца и покажало дека оние кои биле во блиски односи со своите баби и дедовци имаат помали емотивни потешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имаат развиено чувство на самосвест, што им олеснува да ги надминат потешкотиите.

3. Им ја олеснува задачата на родителите

Родителите понекогаш немаат доволно време за игра и разговор со децата. Бабите и дедовците честопати ги заменуваат родителите, особено кога им е потребна игра и забава. Освен тоа, тие поретко ги критикуваат своите внуци, така што тие полесно им ги откриваат своите тајни.

Сето ова ја подобрува општата атмосфера во семејството, бидејќи родителите се поспокојни, знаејќи дека децата се во ред и тогаш кога тие се отсутни.