Категории

Децата родени во јануари имаат поголеми шанси да бидат успешни: Еве и зошто!

Зимските бебиња имаат поинаков карактер од летните. Истражувањата покажуваат дека децата родени во јануари се помалку раздразливи отколку нивните врсници. Статистичарите се занимаваа со фактите и пресметуваа како децата родени овој месец се поуспешни од другите.

Најчестата професија што ја практикуваат е медицината и тие често се спортски типови. Ова го покажа и истражувањето од Австралија, во кое научниците проучувале во кој месец се родиле најмногу играчи во фудбалските клубови. Ако сте родени во јануари, имате скоро 12 месеци предност во однос на растот во однос на колегите кои се родени на крајот на годината – објасниле експертите.

Друга придобивка што ја имаат родените во јануари се подобри подароци. Имено, нивниот роденден доаѓа откако ќе завршат празниците. Потоа започнуваат попусти, па подароците може да се најдат по пониски цени. Затоа постои поголема можност децата од јануари да добијат подобри подароци од другите.

Кога зборуваме за астрологија, бебето од јануари е Јарец или Водолија. За луѓето родени во знакот Јарец се вели дека се романтични, практични и добри организатори, а Водолијата се смета за мислители кои сакаат да им помагаат на другите. Покрај тоа, истражувањето кое ги анализирало датумите на раѓање и успехот покажува дека повеќето познати личности се родени во знакот на Водолија.

Прегледи:
188
Објавено на:
17.12.2021