Категории

Децата во Финска продолжуваат да одат со велосипед на училиште, иако е -17 степени

Поголемиот дел од велосипедистите престануваат да возат кога температурите паѓаат надолу, но тоа не е случај за децата од основните училишта во Финска. Тие не престануваат да ги возат своите велосипеди иако надвор е -17 степени Целзиусови.

Финскиот град Оулу е одличен пример за активен велосипедизам низ целата година. Со адекватна инфраструктура и урбанистичко планирање, жителите на овој град покажале дека не мора да се возиме со автомобилите уште на првиот знак на зимата и снегот.

Пека Тахкола, урбанистички инженер и координатор за прашања поврзани со велосипедизмот во Оулу направил фотографија од локалното основно училиште и паркингот преполн со детски велосипеди на температура од -17 степени. Можеби делува необично што родителите ги пуштиле децата да одат на училиште со велосипеди по снег, но во Финците тоа воопшто не е невообичаено, туку сосема нормално и здраво.

Прегледи:
341
Објавено на:
27.12.2019