Категории

Децата заслужуваат безгрижна игра и меѓусебна дружба: Се отвори најголемата игротека под отворено небо во Скопје

На големо задоволство на најмладите, на 28. август се отвори најголемата игротека под отворено небо, Mondano Playground Center. Овој објект располага со капацитет од 1.400 м2, а во неа има огромен Трамполина парк, „Ninja Warrior“ парк, топки за одење по вода и уште безброј реквизити и колички – со еден збор сѐ што е потребно за децата да се дружат и забавуваат надвор од домовите и технолошките уреди.

Оваа игротека е во склоп на Мондано спортскиот комплекс и се наоѓа веднаш зад гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје. Спортскиот комплекс „Мондано“, веќе 8 години работи со гимназијата „Јосип Броз Тито“ и со стотици други млади помагајќи им да спортуваат и да се развиваат.


„Ние веруваме во тоа дека сите млади заслужуваат простор каде преку спортски активности ќе се развиваат и растат. Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терении ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме Mondano Playground Center. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат“, вели Виктор Михајловски од Мондано.

Прегледи:
794
Објавено на:
03.09.2019