Категории

Девојки, чувајте се: Овие 3 сериозни болести можат да ги предизвикаат мокрите купачи

Габични инфекции и воспаление на јајниците и бешиката се болести кои можат да го расипат летниот одмор и престојот на море или базен.

Овие непријатности се појавуваат затоа што на море се опуштаме и не водиме грижа, па не ни е повеќе битно дали купачите ни се мокри, дали одиме боси по плочки, дали тоалетот е сосем чист или дали сме седнале на туѓ пешкир.

 

1. Воспаление на бешиката

Наглите промени на температура како што се излегувањето од климатизиран простор или влегувањето во ладно мора може да бидат виновници за воспаление на бешиката. Исто така, дамите треба да бидат внимателни кога користат јавен тоалет каде се кријат разни опасности, не само на даската на ВЦ школката туку и на кваките, на чешмите и на тоалетната хартија. Симптомите како: често мокрење пропратено со пецкање па и трагови на крв во мокрачата, може да бидат непријатни. Ако ги приметите потребна Ви е лекарска помош и земање барем 2 литри течности, за да се ослободите од бактериите.

2. Габични инфекции

Со инфекции од овој тип најчесто може да се заразите на базен, додека ваквите ситуации на море се реткост. Најзагрозени се оние кои јадат многу благо, пијат алкохол, имаат слаб имунитет и се изложени на стрес.

Габичното заболување кое е најупорно и најдолго се лечи е предизвикано од габата кандида која може да се појави и по користењето на антибиотици. Најчести симптоми се црвенило, чешање, оток и зголемен бел исцедок, а проблемот може да се реши со земање на брис кој ќе даде информција за каква габа се работи.

3. Воспаление на јајниците

Воспалението од овој тип е многу често за време на престојот на море, а симптомите се пропратени со болки во долниот дел од стомакот, во пределот на левиот, десниот или двата јајника, а понекогаш може да се појави и покачена телесна температура. Воспалението од овој тип се лечи со антибиотици и се советува избегнување на ладни пијалоци и одење без папучи. Важно е стапалата и стомакот да се суви и изложени на сонце, за да се згреат.

Превенција

1. Пред заминувањето на мора и за време на престојот на море се препорачува конзумирање на пробиотици кои ја зголемуваат киселоста на кожата и слузницата на вагината па така ја смалуваат можност за воспаление на овој дел.

2. Жените кои имаат слаб имунитет и се склони кон инфекции на урогениталниот дел после секое бањање во море или базен им се советува промена на костимот за капење за да ја избегнат влажноста на интимните делови.

3. На сите оние кои веќе имаат симпоми за воспаление им се советува да се јават на преглед кај гениколог, зошто ако сами купат некој лек, без претходен преглед, можат да нанесат штета и да ги зголемат симптомите, доколку тој лек не е правилно одбран.

Прегледи:
470
Објавено на:
25.07.2017