Девојките кои се сингл подолг врменски период, завршуваат најсреќни!

Можеби таа не е навикната да биде нечија “девојка”. Можеби таа била сама целиот свој живот. Можеби таа има поранешно момче кое ја напуштило и ниедна врска потоа не била сериозна. Или, можеби само и е потребна пауза од состанување бидејќи се презаситила.

Девојките кои остануваат сингл подолг период завршуваат најсреќни. И еве зошто.

Тие завршуваат најсреќни, бидејќи се задоволни самите со себе. Тие можат да ги поминуваат ноќите сами и да не бидат осамени. Тие можат да ручаат во ресторан или сами да пазаруваат без да се чувствуваат непријатно бидејќи немаат друштво. Всушност, тие сакаат да бидат сами и да се изведуваат самите себе на состаноци. Тие завршуваат најсреќните затоа што го имаат целото време на светот да бидат себични и да се фокусираат на себеси и своите цели. Тие знаат што сакаат и што им е важно, па затоа се стремат кон тоа. Тие се оние кои што го освојуваат светот – посветени и страстни.

Тие завршуваат најсреќни бидејќи за нив љубовта не е центарот на универзумот. Нивната цел во животот нема никаква врска со наоѓањето момче. Тие не бркаат момци – тие ги бркаат нивните соништа и иднината стремејќи се да се изградат како личност.

Девојките кои се сингл подолг временски период се навикнуваат да го живеат својот живот сами (и да уживаат во тоа!). Помислата дека можеби никогаш нема да се венчаат не ги плаши. Сакаат да живеат сами. Тишината не ги плаши, туку ги инспирира. И кога ќе сретнат некој и ќе одлучат да бидат во врска, тоа ќе биде некој кој ќе ги предизвика и ќе им помогне да напредуваат. Некој кој ќе биде нејзина заштита, а истовремено ќе ја охрабрува да се бори да го освои светот. Некој кој е горд и среќен за нејзиниот успех. Тие никогаш не се губат себеси додека љубат. Тие никогаш нема да ги потиснат своите морални убедувања, надежи или соништа за да се прилагодат на оние на нивниот партнер.

Овие девојки завршуваат најсреќните затоа што бараат некој кој ќе донесе уште поголема среќа и радост во нивниот живот. Некој кој ќе ја натера да се чувствува уште посакана и посилна отколку што е. Некој кој е исполнет, реализиран и среќен. А таквиот однос, е врската што вреди да се чека!




Коментари

коментари