Девојките од PowerHouse Pilates порачуваат: „Овој ден нека ви биде потсетник дека грижата за себе и своето тело е основа на сѐ во животот“

На денот на жената, 8. март, акцентот го ставаме на силните жени кои знаат како да се грижат за себе и своето ментално и физичко здравје. Жените кои зрачат со силна енергија, моќ и самоувереност отсекогаш претставуваат инспирација за околината. Токму за таа цел, на интернационалниот ден на жената чувствуваме потреба да ве потсетиме дека грижата за себе е почетната точка на сѐ во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот како дисциплина во вежбањето која го поврзува духовното со телесното, претставува одличен начин да ја зацврстите својата самодоверба и психичка состојба, а истовремено да го зајакнете телото и да ги поместите своите граници, докажувајќи си себеси дека секогаш можете повеќе.

Жената е столбот на семејството, па доколку се грижите за себе и своето здравје истовремено се грижите и за најблиските. Само здравата и негувана жена може да се посвети на луѓето кои ги сака и да им пружи безусловна љубов. Големиот број на девојки кои секојдневно уживаат во вежбањето пилатес во првиот и најдобар пилатес центар кај нас, PowerHouse Pilates се доказ за позитивното влијание на пилатесот врз личноста, создавајќи силни, истрајни жени кои го прифаќаат секој предизвик со раширени раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Доколку сѐ уште не сте дел од нив, ова е вистинско време да се посветите на себе и на своето тело, придружувајќи им се на девојките од PowerHouse Pilates за да ја почувствувате позиртивната енергија која се создава на секој пилатес час. Изберете ја локацијата која најмногу ви одговара во Дебар Маало, Кисела Вода или пак Аеродром и не заборавајте – вие сте жена и само небото е граница за вас!




Коментари

коментари