Категории

Дежа ву: Мадона и Брус Спрингстин на врвот, исто како во 1985-та година

Исто како и во 1985-та година, легендата Мадона и Брус Спрингстин доминираат на ранг листите за продажба на албуми во САД.

Албумот на Мадона „Madame X“ е број 1 на неделната листа за продажба на албуми, а тој албум, кој всушност е и нејзин 14-ти се наоѓа на врвот на листата „Billboard 200“.
Албумот „Western Stars“ на Спрингстин оваа недела не е на врвот, но го дели само еден чекор.
Ова е веќе дежа ву- во 1985-та тие 2 ѕвезди веќе имаат владеено по истиот редослед. Во јануари таа година албумот „Born in the USA“ на Спрингстин бил 2 недели на второто место, веднаш после „Like a Virgin“ на Мадона, а потоа улогите се смениле во следните 2 недели.

14-от албум на Мадона кој комбинира поп, реге и хип хоп, со непогрешливи политички пораки, сепак стигна на врвот на продажба делумно благодарејќи на стратегијата „поврзана продажба“.
Тој метод на маркетинг добива на популарност во музичката индустрија нудејќи купување на албумот со подарок карти за концерт или слични сродни производи. Следбеници на овој метод се Тејлор Свифт и Кети Пери.
Додека 60- годишната „кралица на попот“ има предност со „Madame X“ во својата земја, Спрингстин и неговиот „Western Stars“ води во Австрија и Велика Британија.