Џабе злато и дукати, и богато срце пати- „Гори“ е новиот хит на Тајзи!

Балкатон продукција е горда на нашиот Тајзи кој веќе 2 години соработува со нив, а пред еден месец го имаше и своето прво шоу во најдобриот клуб во Југоисточна Европа The Bank токму во Белград. Гори е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година и е на македонски јазик, како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист кој полека но сигурно качува левел по левел кон врвот.

Последно нешто од овој тим беше Пабло, кој беше вистински хит годинава и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот балкан.

Песната е снимена во студиото на еден од најдобарите продуценти во Македонија Лазар Цветковски кој беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година, автор на многу хитови на наши артисти како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од овогодинешниот евровиски тим на Тамара кој не претставува во Израел.

Музиката и текстот се на Тајзи а аранжманот и мастерот на Лазар. Спотот е во режија на Даниел Јовески кој со секое ново видео се надминува себеси и застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот. Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш повторно.

Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја а во него покрај убавите локации можеме да видиме неколку преубави македонки како и жонглерската група од Битола Acid Triple.

Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera за која ќе се снима спот во Белград кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од Балкатон продукција.




Коментари

коментари