Категории

Џеј Ло има момче кое е 17 години помладо од неа

Поранешното момче на пејачката Ријана, тајно се среќавал со Џенифер Лопез, се зборува од недели. Конечно двајцата ги потврдија шпекулациите преку инстаграм.

На профилот на Џеј Ло се појави слика на која се прегрнати и тоа само ден откако нивните обожаватели открија дека Ријана веќе не си разменува слики со Лопез.

Претходно овој месец Дрејк и Џенифер дадоа старт на гласините, откако беа на „интимна вечера“ во Лос Анџелес.

Нивната врска стана јавна само две недели откако Дрејк беше на претстава на Џеј Ло во Лас Вегас и сподели слика која двајцата ја направија зад кулисите.

Претходно извор за весникот „Сан“, близок до двајцата, изјави дека тие безуспешно се обидувале да ја чуваат во тајност врската, но всушност се гледаат со недели и навистина се пар. Таа е вљубена и разликата во годините, која е 17 години, нема никакво значење, бидејќи двајцата одлично се забавуваат заедно, уверува изворот.

Прегледи:
279
Објавено на:
29.12.2016