Категории

Џејми Оливер банкротираше: Губи милиони, работниците бесни на него!

Познатиот готвач за својот банкрот го обвинува Брегзит, трошоците за изнајмување, локалната самоуправа и зголемувањето на минималната заработка.

Вработените загрижени се вратиле дома откако пред влезот на ресторанот чиј сопственик е Џејми Оливер затекнале катанец. Имено, рестораните на познатиот готвач се затворени поради долг кој изнесува околу 72,5 милиони фунти, пренесува Дејли Мејл.

1300 работни места се загрозени. Вработените во компанијата на Џејми наведуваат дека добиле отказ преку мејл, само 30 минути пред компанијата да објави пропаст.

„Навистина сум лут бидејќи Џејми нема да бара работа и нема да се мачи да ги плати сметките, како ние кои работевме за него“, изјавил еден работник.

Стручњаците велат дека растот на апликациите за преземање храна на британските улици допринеле кон нарушувањето на заработката на компанијата.

Рестораните на Џејми имале и низа лоши рецензии, вклучувајќи ги и критичарите на ресторани, Марина Ологлин која во 2018. година изјавила дека „ќе се врати во ресторанот само ако некој и плати.“

Џејми Оливер за својот банкрот го обвинува Брегзит, како еден од факторите кои предизвикале „совршена бура“, како и трошоците за изнајмување, локалната самоуправа и зголемувањето на минималната заработка.

43-годишниот готвач, кој заработуваше преку 240 милиони фунти во текот на неговата популарност која траеше 20 години, изјавил дека е многу тажен поради ситуацијата во која се наоѓа.

Прегледи:
441
Објавено на:
23.05.2019