Џенифер Анистон го откри режимот на исхрана поради кој изгледа беспрекорно!

Џенифер Анистон има многу повеќе години отколку што изгледа дека има а за на нејзиниот изглед заслужен е режимот на исхрана на кој се придржува. Секако, таа вежба редовно, но сега открива што јаде секојдневно.

Појадок

Кога ќе се разбудам наутро, пијам топла вода со лимон, а потоа пијам шејк или јадам авокадо со јајца, што е мојот омилен појадок – изјавила Џенифер за едно интервју. Актерката прави смуди од протеини, банана, боровница, смрзнати цреши, стевиа, понекогаш додава и малку зеленчук и какао.

Понекогаш појадува и овесни снегулки со банана или додава и белка, за да му даде на појадокот малку протеини.

Ручек

Омилениот ручек на актерката подразбира зеленчук или салата со протеин. Заедно со тоаа јаде и пилешко, а за ужина комбинира јаглехидрати и протеини – на пример, јаболко со путер од кикирики или јаткасти плодови.

Исто така, во фрижидерот секогаш има зеленчук и тврдо варено јајце, за секогаш да има нешто здраво да јаде, дури и кога ненадејно ќе огладни.

Џенифер вели дека се труди исхраната да и биде едноставна, да не се оптеретува со премногу правила и да си дозволи себеси да ужива во храната.

Вечера

За вечера актерката обично јаде комбинација од зеленчук и протеини, но понекогаш си дозволува и пица со чаша вино, но и лазањи со тиквици и различни видови на сирење.




Коментари

коментари