Категории

Џенифер Анистон откри како успева да одржува добра линија

Славната актерка ја откри тајната како ја одржува витката линија на која многу дами и завидуваат.

Мора да признаете дека Џенифер Анистон, покрај многу богата кариера, може да се пофали и со одличниот изглед, кој петтата деценија апсолутно ништо не измени. Бидејќи многу луѓе ја прашуваат секој ден за нејзиниот успех и која е нејзината тајна, актерката реши да го открие тоа.

 

Работата е многу едноставна и станува збор за „наизменично постење“, односно конзумирање храна во одредено време и правење паузи. Како што вели Џенифер, таа не појадува или консумира храна наутро, бидејќи парви пауза од 16 часа помеѓу последниот и првиот оброк, а потоа може да јаде било што во следните 8 часа. Сепак, Џенифер и многу вежба, па нејзината дневна рутина вклучува медитација, бокс и кардио тренинг.

 

Овој „наизменичен пост“ е одличен за намалување на срцевиот притисок и затоа го намалува ризикот од срцеви заболувања, но и за чистење на организмот затоа што му давате многу време да свари сè.

 

Значи, за да имате тело како J Џенифер Анистон е доволно да го следите наизменичното постење од 16: 8 часа и редовно да вежбате и да медитирате. Се може да се направи кога се сака, нели?

Прегледи:
417
Објавено на:
04.11.2019