Категории

Џенифер Лопез го прослави крајот на турнејата: Од влезниците заработи вистинско богатство!

Џенифер Лопез во саботата ја заврши тригодишната турнеја насловена „All I have“. Спектакуларниот последен настап не можеше да пројде без нејзиното момче Алекс Родригез, а во публиката можеа да се забележат бројни познати личности како Коби Брајант со сопругата Ванеса, Диди, Ешли Грејем, Антони Андерсон и многу други.

На прославата се пиело вотка, бурбон, џин, текила, но и специјални коктели наречени по најголемите хитови на Џеј Ло “Dance again”, “I’m Real”, “All I Have” и “Dinero”. По завршувањето на турнејата, објавен е податок кој открива колку заработила таа само од продажбата на влезниците после 3 години и 100 настапи – вртоглавата цифра изнесува повеќе од 100 милиони долари.

Каков благослов! Ја вложив целата моја душа, ја оставив на сцена и дадов сѐ што имам. Благословена сум поради вашата поддршка. Овој успех е наш! Многу нешта доаѓаат во иднина, уште не сум завршила – им порачала Џенифер на своите фанови.