Категории

Џенифер Лопез јавно ја покажува нејзината нова љубов

Се чини дека Џенфер Лопез и нејзиниот дечко Алекс Родригез се прилично заљубени, иако се наоѓаат на почетокот на нивната врска, тие се во „меден месец“ фазата од врската. 

Позирајќи на LOVE знакот, фотографијата ја објавија на инстаграм, а не пропуштија да постираат и клипови, каде Џенифер го нарекува Алекс „мојот згоден дечко“.

Парот започна да се гледа оваа пролет, а на МЕТ галата го имаа првото јавно појавување. Се чини дека нивната врска е се посилна и тие се прилично заљубени.

Џенифер повторно има помлад дечко, но разликата меѓу неа и 42 годишниот професионален безбол играч е мала, а врската се чини се посериозна.

Прегледи:
419
Објавено на:
31.07.2017