Категории

Џенифер Лопез ќе ја добие наградата Мајкл Џексон за музички достигнувања на MTV видео музичките награди

Таа ќе биде првата латино-американка која ќе ја добие оваа престижна награда. 

Секоја година MTV одбира артист кој ја добива нагрдата Michael Jackson Video Vanguard, за врвни достигнувања во музиката. Наградата се доделува од 1984 година и досега ја имаат добиено артисти како Ријана, Канје Вест, Пинк, а оваа година оди кај некој кој сериозно ја заслужува оваа награда.

Таа со нејзината 20 годишна кариера остави силен белег на музичката сцена и има фанови од сите генерации. Таа е комплетен артист кој знае да направи вистинско шоу, а сега ќе биде првиот латино артист кој ја добива оваа награда.

Ова за неа е голем емотивен момент, дури и при гостувањето на шоуто на Sway Calloway на MTV таа заплакала кога ги видела фановите и нивната реакција во публика. „Ова е многу значајно и емотивно“ рекла таа „Неверојатен е фактот бидејќи сакаш сите да знаат дека имаат шанса да направат нешто големо во својот живот. Ако сум првата која постигнува нешто, не е за мене, туку секогаш е за другите.“

 

 

Таа нема настапено на MTV видео музичките награди од 2001 година, а сега се очекува голем спектакл, бидејќи добитникот на наградата е предвидено да има голем настап во кој ќе бидат вклучени сите поголеми хитови. Што значи, се очекува големо шоу на доделувањето на овогодинешните награди кои ќе се одржи на 20-ти август.