Категории

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ОЧЕКУВА ТРЕТО ДЕТЕ?

Славната пејачка неодамна го прослави својот 47. роденден, а сега има уште една причина за славење? Џенифер Лопез и нејзиното 18 години помладо момче очекуваат дете, а раѓањето на нивното дете сакаат да го прослават со свадба!

Одредени извори и блиски пријатели на заљубениот пар изјавија дека, Џенифер Лопез и Каспер Смарт се пресреќни што ќе добијат дете. „Сè што ќе посака тој и овозможува, некогаш и без таа да побара. Тој веќе долго време посакува тие да имаат дете и ја третира како кралица. Оваа новост многу го израдува и тој се надева на машко дете, додека за Џеј Ло е важно само детето да се роди здраво, без разлика на полот“, изјави нивен близок пријател.

w2

Парот е заедно од 2011-та година, откако таа се разведе со нејзиниот трет маж Марк Ентони. Џенифер е веќе мајка на две деца, 8-годишните близначиња Макс и Ема.

w3

Прегледи:
565
Објавено на:
05.08.2016