Категории

Џим е паметно куче – Таа сама оди во центарот за дневна нега без придружба на своите сопственици

Во едно рано саботно утро, Марти Кариер подготвувајќи се за доста зафатен ден во Happy Tails Pet Resort and Spa, забележа некој пред вратата. Не очекуваше дека некој муштерија ќе пристигне толку рано, потоа забележа нешто уште понеочекувано.

„Беше 6:30 часот наутро кога го забележав нејзиното носе прилепено на вратата“ – раскажува Марти. „Вообичаено ги чекам сопствениците на кучињата да влезат со своите миленици но таа беше сосема сама и чекаше пред вратата.“

Кога Марти не забележа нити една кола и луѓе надвор, излезе да види што се случува кога ја забележа 5-годишната Џим која е микс од германски овчар како чека надвор. Џим е чест посетител на центарот за нега и доаѓа 3-4 пати неделно, но овој пат изгледа не можеше да дочека да ги види своите пријатели.

„Ја отворив вратата и и реков ајде Џим дојди да си играме. Таа мрдаше со опашката пресреќна нестрплива за да си игра“ – вели Кариер.

Кариер ги повикала сопствениците на Џим кои веднаш пристигнале по неа. Ова паметно куче е толку независно што успеало некако да ја провали вратата која останала отворена од минатата вечер кога гостите излегувале од нивниот дом.

Сопствениците на Џим ја одведоа дома ја нахранија и потоа повторно ја доведоа во центарот за дневна нега каде го поминува остатокот од денот.

„Таа била толку нестрплива за да дојде тука“ – вели Марти.

Прегледи:
627
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
30.10.2020