Џоџо Мојес ја најави третата книга од трилогијата „Јас пред тебе“

Љубителите на книгите на Џоџо Мојес имаат само неколку месеци да се подготват за она што сигурно ќе биде емоционален ролеркостер.

Авторката Џоџо Мојес само што најави дека започна да ја пишува третата книга за Луиза Кларк, која што ќе се најде на полиците во книжарниците наредната пролет.

Нејзината прва книга „Јас пред тебе“ излезе во 2012 година. Минатата година беше снимен филм, во кој главните ликови ги глумеа, ѕвездата од „Игра на тронови“ Емилија Кларк како Луиза Кларк и актерот Сам Клафин како Вил Трејнор. Филмот беше една од најпопуларните од минатата година, и тоа, со добра причина.

Нејзината втора книга, „После тебе“, излезе во 2015 година. Ова е роман ја раскажа приказната од поинаков агол, дали надежта некогаш престанува или токму тоа е водилка низ животот. Во овој дел Лу се обидуваа го обнови животот откако Вил ја доносува тешката одлука, која ги погодува сите.

Џоџо сега е подготвена да ја преиспита Лу. Според неа, во најновата книга, Лу ќе отпатува во Њујорк, каде што ќе се пронајде себе си распарчена меѓу нејзиниот стар живот и нејзиниот нов живот.

Мојес од секогаш знаела дека приказната на Лу нема да заврши во втората книга „После тебе“. Според неа, враќањето на Лу е радост, бидејќи ја турка во сосема нова земја, сосема нов свет, и куќа полна со тајни.

Џоџо се надева дека читателите ќе уживаат во оваа нова авантура исто толку колку што и таа ужива во нејзиното пишување.




Коментари

коментари