Џордан Питерсон: „Прво средиси го сопствениот дом пред да почнеш да го критикуваш светот!“

Во својата книга тој споделува 12 правила за живот кои секој мора да ги знае

Џордан Питерсон е канадски професор по клиничка психологија на Универзитетот во Торонто. Во изминатата година стекна огромна публика со своите предавања кои се достапни на неговиот Youtube канал како и бројни гостувања.

Темите на неговите предавања се доста разноврсни. Од една страна, најмногу го прославија острите критики на постмодернизмот и политичката коректност. Од друга страна тоа се совети упатени кон младината со цел да превземе одговорност за своите животи и како да се носи со многу политички и културолошки промени. Моментално тој важи за борец за право на слобода на говор во Канада.
На неговата работа и начин на размислување најголемо влијание имаат Достоевски и Карл Јунг.Кога зборува за младите луѓе во 21-от век, Џордан Питерсон донекаде е изненаден колку основните вредности се разнишани, а најпознат е по своите фрази кои гласат: „Среди ја својата соба“ и „Зборувај ја вистината.“

Така настана неговата книга 12 правила за живот. Во книгата Џордан Питерсон зборува за доста познати проблеми, но не единствен и понекогаш ненамерно духовит начин.

12 ПРАВИЛА ЗА ЖИВОТ

1.Стој исправено и зафрли ги рамената
Како последица на комплексноста на нашиот нервен систен, понекогаш е најлесно да се започне од нешто едноставно, како што е нервниот систем на јастогот. Со изразувањето на хиерархиајата на доминацијата кај јастозите е заклучено дека количината на излачениот серотонин е тесно поврзана со висината на положбата во општеството.
Во голем број од случаите овие податоци се исти и кај луѓето.
Кога стоме исправено – лачиме поголема количина на серотонин, што директно влијае врз нашата одлучност и доследност во постигнување на нашите цели.
Поуката од ова поглавјте е секако длабока – „Ако имаш слика на личност каква сакаш да станеш – однесувај се како таа личност. Прави го она кое те прави силен.“

2.Третирај се себеси како да си личност за која се грижиш
Ако некој ги знае нашите маани, грешки и глупости, тогаш тоа сме само ние самите. Последицата од тоа знаење потсвесно е намалена грижа за самите себеси. Џордан Питерсон вели низ шала дека познава луѓе кои побрзо би купиле лек за своето куче отколку за себе.
Второто правило произлезено од ова е – „Прави го на другите она кое што сакаш да ти го прават тебе“.

3.Спријатели се со луѓето кои ти посакуваат само најдобро
Дали некогаш сте имале некоја добра вест која кога сте ја поделиле со некој пријател како одговор не сте добиле „Браво!“ или „Супер!“ туку приказна како на тој пријател никогаш не му се случило нешто толку добро?
Џордан Питерсон зборува за тоа дека таквиот пријател не е добар.
Добриот пријател го поддржува напредокот кој води кон целта кој се обидувате да го постигнете.
Заклучокот е „Добар пријател е оној кој искрено се радува на твојот успех“

4.Споредувај се со себеси од вчера, а не со некој друг од денес
Во животот сретнуваме неверојатен број на луѓе и големи се шансите секој поединец да е подобар од нас во нешто. Споредувањето со другите луѓе не е продуктивно и води кон огорченост.
Треба да се пронајде идеал кој ќе има улога на судија во нашите дела во животот. Секој ден треба да се запрашаме „Што можам денес да направам, со што можам да станам подобар од тоа што сум бил вчера?“
– Твојот живот е на илјада начини поинаков од било кој туѓ. Едноставно ако сакаш да бидеш доста богат, не труди се да бидеш Бил Гејтс, туку замисли се себеси како богат и тежнеј кон тоа секој ден.
Џордан Питерсон советува дека целта треба да се подели на повеќе мали цели, така што нивното достигнување би било значително полесно.

5.Не дозовлувај децата да прават нешто што ќе те натера да не ти се допаѓаат
Овој совет за родители звучи многу почудно отколку што всушност е. Џордан Питерсон смета дека е доста наивно да се каже „Не може да се случи да не ми се допаѓа моето дете“.
Дури и некои од најлошите намќори можат да се разнежнат од некое слатко дете, но секако не ако секогаш вришти без престан. Што е паметно да се направи во овој случај?
-Учете го детето да се однесува пристојно и да привлекува внимание на добар начин. Таквиот тип на социјализација ќе му отвори многу врати во животот и ќе влијае позитивно врз развојот на неговата личност.

6.Среди го својот дом пред да почнеш да го критикуваш светот
Џордан Питерсон смета дека префрлањето на сопствената вина на колективната вина на општеството создава незадоволство спрема светот и го застанува вистинскиот личен напредок.
„Напредокот до сопствените цели не е магија, тоа е унапредување на самиот себе.“

7.Тежнеј кон нешто значајно – а не исклучиво корисно
Кога некој ќе каже дека целта во животот е да се биде среќен,благо кажано авторот на оваа книга искажува исклучително несогласување со ова. Тој смета дека таквото размислување е фундаментално погрешно и најдобро тоа го објаснува со музиката. Веселата мелодија која ја слушате ќекајќи на телефонот или во лифт никако не може да биде подобра од трагичната соната на Бетовен. Соодветно со тоа, барајте длабочина и значење, а не површна среќа.

8.Зборувај ја вистината – или барем не лажи
Сакаш да бидеш подобар човек? Почни од претпоставката дека голем дел од нештата кои ги зборуваш не си ги измислил ти, и не си сигурен дали да веруваш во нив. Зборувај ја вистината и набљудувај како почнуваш да се чувствуваш посилно и постабилно. Голем дел од луѓето свесно зборуваат лаги поради конформизам.
Џордан Питерсон верува дека само на овој начин мож еда се развивате кон силна личност. Ако тоа делува тешко, едноставно престани да зборуваш нешта за кои знаеш дека се лаги. Лагите се очигледни и те прават слаб.

9.Претпостави дека личноста со која разговараш знае нешто што ти не знаеш
Ова е јасно „Најдобрата одлика на еден интелектуалец секако не е сеопфатно образование, туку постојана желба да учи повеќе“
Џордан Питерсон поставува прашање: Дали сакаш да бидеш во право или да научиш нешто ново?
Навистина слушај што зборуваат луѓето, немој само да чекаш да го искажеш својот став. Радувај се на конструктивна критика, затоа што не сакаш да победиш во расправијата, сакаш да го решиш и поправиш проблемот.

10.Зборувај прецизно
Идеата на слобода на говорот спрема Питерсон има доста длабоко влијание. За него и многу мислители пред него, за да станеме свесни за нешто, тоа нешто мора да има име. Мора да има збор кој е одреден за тоа нешто. Поимот излегува од хаосот и станува нешто јасно, колку ужасно и страшно да биде.
Значи, во лошиот и тежок однос со некого, таа тешкотија ја чувствуваме физиолошки се додека не ја именуваме – „Кога ќе го дефинираш својот проблем, во главно автоматски го решаваш“

11.Не ги замарај децата кога возат скејтборд
Уште едно поглавје посветено на родителите и генерално на возрасните. Џордан Питерсон во една прилика вели малку посериозно да ги набљудуваме децата кои возат скејтборд и бил избезумен од ризиците на кои тие се изложуваат.
Тој ова опасно однесување го смета за спонтан процес на развивање на личноста на едно дете.
Со забранувањето на одредени активности, ги успорувате децата или во потполност го прекинувате развивањето на личноста и сосем сигурно ризикувате да ги претворите во плашливи и слаби личности.

12.Помогни му на мачето кое ќе го видиш на улица
Без грижа, правилото важи и за љубителите на кучиња. А тоа секако зборува за добрината во искористувањето на позитивните ситници во лошите ситуации. Ако забележиш прилика за пријатна интеракција со некого – искористи ја.
Покрај тоа, како што зборува писателот – ова најемотивно поглавје зборува за маките на човечката душа како и за борбата со тие трагедии со умот, како депресијата.
Големите и длабоки проблеми не можат да се решат одеднаш, барајќи совршено решение за се кое ќе ве врати во состојба на мир. Тоа едноставно не функционира така. Тешките проблеми се решаваат со ситни чекори.




Коментари

[fbcomments]