Џорџ Орвел, најголемиот пророк на 20. век: Народот кој избира корумпирани лопови не е жртва туку соучесник!

Далечната 1950. година, почина Ерик Артур Блер, познат како Џорџ Орвел. Овој писател зад себе го остави антиутопискиот роман 1984“ и алегорискиот политички роман „Животинска фарма“ со кој речиси до детали го опиша денешното општество, од „Големиот брат“ – прислушкување и шпиунажа на сѐ и секого, владеење на психопати, општества контролирани од мрачни сили кои сакаат да ја уништат секоја граѓанска мисла и слобода.

Ова се некои од неговите добропознати мисли поради кои тој се смета за пророк на 20. век:

  • Политичкиот јазик е дизајниран со намера лагите да звучат како вистина за да се оправдуваат убиства.
  • Најдобар начин да се уништат луѓето е да им се оневозможи разбирањето на сопствената историја.
  • Слобода е право да им се говори на луѓето она што не сакаат да го слушнат.
  • За оние кои сакаат да управуваат со нас, војната е мир, слободата е робување, а незнаењето е сила.
  • Ако сакате да зачувате тајна, тогаш мора да ја сокриете и самите од себе.
  • Оние кои го контролираат минатото, ја контролираат иднината, оние кои ја контролираат сегашноста, го контролитраат минатото.
  • Големиот брат не набљудува.
  • Пред луѓето преку лаги се сервираат само два избори, среќа и слобода. За поголем дел од луѓето среќата е многу подобар  избор.
  • Партиите само бараат начини да останат на власт, нив не ги интересира правдата, не ги интересира благосостојбата на другите, партиите само тежнеат кон мож и власт.
  • Моќ над другите значи распарчување на нивните умови на милион делчиња, а потоа тој ист ум се сложува и гради на начин кој им одговара на моќниците.
  • Во време на универзални лаги, изразување на вистината е револуционерен потег.
  • Секоја генерација мисли дека е поинтелигентна од претходната и помудра од наредната.
  • Сите животни се рамноправни, но некои животни се порамноправни од другите.
  • Ако сакате визија на иднината, замислете војничка чизма која гази по човековата глава – засекогаш.
  • Национализмот е глад за моќ обоена во самозалажување.
  • Најбрз начин да ја завршите војната е да ја изгубите.



Коментари

[fbcomments]