Диета без гладување: Се што ви треба се 3 јаболки на ден

Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед но и телесна тежина.

Имено, јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја недела, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм. Оваа диета е дело на американската нутриционистка Тами Флин и таа подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко.

На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Јаболката се богати со диетални влакна кои поволно влијаат врз дигестивниот систем и го намалуваат нивото на холестерол, а исто така содржат и флавоноиди кои помагаат во спречувањето на срцеви болести и појава на рак.

Во текот на оваа диета, се советува конзумирање на четири до пет оброци дневно, додека внесувањето на грицки и слатки е забрането. Секој главен оброк треба да содржи протеини бидејќи тие го намалуваат апетитот и го забрзуваат губењето на килограмите. За да ја заситите гладта, но и да ја намалите желбата за слатки, можете да јадете што повеќе разновидно овошје и зеленчук. Од намирниците уште се препорачуваат и немасен јогурт и сирење, зелена салата, брокула, јајца, говедско, риба, пилешко, овес и интегрален ориз.

За ефектот на оваа диета да биде уште поголем, експертите советуваат и вежбање три до четири пати неделно во траење од 30 минути. Секако ова е по желба.




Коментари

[fbcomments]