Димитар Ѓорѓиев и Климент Гроздановски се закитија со бронзени медали во СП во Анталија

На Светското првенство под организција на WAKO, Македонија настапи со тројца репрезентативци: Стефан Михајловски, Климент Гроздановски и Димитар Ѓорѓиев во дисциплината киклајт. Првенството се одржа во Турција, Анталија и траеше од 23.11-01.12. Климент и Димитар изгубија во полуфинале и се закитија со бронзени медали. Стефан изгуби во прво коло.

Димитар во полуфиналето изгуби од Един Вуцељ од Босна и Херцеговина, а Климент од Пјотор Випчал од Полска.

Ова е голем успех за македонските репрезентативци од кои во иднина со сигурност може да очекуваме уште многу успеси.

 




Коментари

коментари