Категории

Директор ја намалил својата плата за 90% за да имаат работниците поголема плата

Ден Прајс се прослави како милионерот кој своеволно сам си ја намали платата, за да можат вработените во неговата фирма да имаат годишна заработка од минимални 70.000 долари. Поради тоа, тој ја намалил својата заработка на годишно ниво на милион долари, потег кој многумина го сметале за погрешен и предивидувале крај на неговата компанија во Сиетл.

За капиталистичка Америка секој вид на социјалистички потег во деловниот свет се смета за голема грешка и на него се гледа со негодување.

Меѓутоа, неговиот ризик се исплател. Компанијата која се бави со финансиски услуги не само што не пропаднала туку и напредувала, а бројот на вработени се зголемил за три пати.

Прајс на почетокот за да ја оствари својата цел не само што си ја намалил платата, туку ги намалил и своите животни трошоци, ја продал втората куќа и ги искористил заштедените пари. Уште на самиот старт резултатите биле очигледни. Тој смета дека приходите на неговата компанија Gravity Payments многу пораснале бидејќи поголемите плати довеле со исклучително лојални вработени.

„Процентот на вработени кои ја напуштаат нашата компанија е преполовен. Затоа, кога имате вработени кои остануваат двојно подолго, нивното знаење за тоа како да им помогнеме на нашите клиенти со време нагло пораснало и тоа е она што ги зголемило платите на вработените повеќе отколку намалувањето на мојата плата“, изјавил Прајс.

Меѓутоа, појавувањето на корона вирусот влијаело и врз неговата работа. На почеток на пандемијата изгубил 55% од својата работа. Во еден момент, Прајс сфатил дека „Gravity Payments“ ја делат само четири месеци од пропаст, но компанијата се опоравила откако нејзините вработени доброволно привремено си ги намалиле платите.

Прегледи:
41
Објавено на:
24.11.2021