Синоќа на неколку километри од Лос Анџелес на сред пустината се одвиваше спектакуларното шоу на модната куќа Dior. Дизајнерката Мариа Грасија Чиури ја прикажа својата најнова cruise колекција. Во калифорниската дивина, каде единствени кулиси беа монументалните планини Санта Моника, беа презентирани лепршави, миди фустани, јакни со војнички принтови и апстрактни дезени.
Што послужи како инспирација овој пат?
Илустрациите и цртежите кои се кријат во пештерата Lascaux који, према проценките на стручњаците се стари повеќе од 20.000 години, „копајќи“ по архивите на брендот, дизајнерката окткри дека самиот Кристијан Диор бил фасциниран од оваа пештера. Неговата колекција од 1951 година именувана како “Ovale” опфаќала неколку модели на кои биле осликани мотивите од споменатата пештера.
За разлика од тогашните модели кои биле повеќе романтични и дамски, Мариа претстави една мистична, надреална атмосфера. Самата колекција насловена како “Dior Sauvage” која во превод би значела Див Диор, алудира на Wild Wild West.