Категории

Дизајнерите истакнаа: Ова се 3 водечки принтови за 2020 година

Користете ги внимателно и добро искомбинирајте ги.

Не можеме да негираме дека еднобојната облека никогаш нема да излезе од мода.

Сепак, понекогаш секој од нас има тенденција да го разубави изгледот со интересни принтови кои имаат многу пооригинален изглед од еднобојната палета на бои.

Оваа година, дизајнерите предлагаат различни опции.

 

Па, кои принтови се најмодерни во 2020 година?

 

Кариран принт

Ако се двоумите за тоа кој принт да го изберете во новата сезона, не треба да размислувате. Тука е модерниот кариран принт во сите негови манифестации. Тартан, големи и мали карирани принтови лебдат на модните ревии. Треба да се напомене дека црно-белиот и класичниот црвено- зелен тартан станаа пособено релевантни во новата година.

 

Романтика со точки

Оваа година нема да ја заборавиме романтиката. Се согласувате, тоа навистина ги евоцира најдобрите спомени од детството. Патем, со помош на принтот со точки, можете да ги измешате најновиот изглед со ретро-стилот.

 

Цветни мотиви

Ниту есенската ниту зимската колекција не помина без цвеќиња. Препорачуваме да испробате романтичен фустан со стотици цветови. Исто така погледнете ги и апстрактните цветни примероци и цвеќиња, како што се акварелите.

Прегледи:
474
Објавено на:
18.01.2020