Категории

Дизајнерите советуваат: 3 парчиња облека кои треба да ги купувате во поголем број!

Ако сакате елеганција и парчиња гардероба кои стојат совршено, сепак мора да се води грижа и за удобноста. 

На наша среќа, некои парчиња навистина изгледаат поубаво кога се еден број поголеми. Материјалите, како што е памукот и волната, честопати се намалуваат при перење па за секој случај подобро купете поширок модел кој со тек на време ќе ви стои сѐ подобро.

Следните 3 облеки секогаш купувајте ги во поголема величина:

Волнени џемпери

Без обзир на тоа дали бирате плетен фустан или џемпер од волна, секогаш изберете еден број поголем, а ќе ви биде јасно поради што- изгледаат шик, а пред сѐ удобно.

Кошули

Златно правило: Секогаш подобро да купите еден број поголем, отколку помал. Белите провидни кошули изгледаат многу поелегантно кога не се тесни, а тоа многу добро го знае и Анџелина Џоли која ги носи во многу пригоди.

Маици по кратки ракави

Не е лошо да имате и тесни маици, но многу поубав впечаток ќе оставите со една „oversize“ маица која сте ја позајмиле од неговиот плакар.

Прегледи:
452
Објавено на:
15.02.2019