Дизајниран е првиот „бесконечен базен“ со панорамски поглед од 360 степени

Компанијата Compass Pools има добри вести за љубителите на височините и пливањето. Неодамна, компанијата го објави својот нов проект кој предизвикува вртоглавица – прв од ваков вид базен со панорамски поглед од 360-степени кој треба да биде поставен на облакодер во Лондон.

Облакодерот London Infinity ќе биде првиот и единствен во светот која ќе го создаде овој врвен дизајн на базенот. Базенот ќе биде поставен на врвот на облакодер со 55 ката и ќе им овозможи на луѓето да пловат над 200 метри над хоризонтот во Лондон со непречен поглед на градот.

Од компанијата велат дека базенот ќе биде направен од лиен акрил наместо од стакло. Овој материјал бил избран по внимателно разгледување. Како што се покажа, лиениот акрил има слична бранова должина со водата која му овозможува на базенот да изгледа сосема провидно. Подот на базенот е исто така транспарентен, така што луѓето во внатрешноста на зградата ќе можат да ги гледаат пливачите над нив.




Коментари

коментари