Категории

Дизниленд повторно отворен за посетителите на 30 април

Двата тематски парка на Волт Дизни во Калифорнија ќе продолжат да работат на 30 април, со ограничен број посетители, соопшти компанијата.

Извршниот директор на групата Дизни, Боб Чапек, за телевизијата CNBC изјави дека капацитетот на парковите ќе биде ограничен на околу 15%. За влез во забавните паркови, потребна е резервација и важечка влезница. Посетителите ќе мора да носат заштитни маски, да ги почитуваат правилата за физичко растојание, како и други безбедносни мерки.
Дизниленд во калифорнискиот град Анахајм, каде се наоѓаат оригиналниот тематски парк Дизни и авантуристичкиот парк Дизни Калифорнија, беше затворен во средината на март минатата година „Светот на Волт Дизни“ во американската држава Флорида повторно се отвори во јули минатата година, а властите на Волт Дизни ги повикаа властите во Калифорнија да ги ублажат ограничувањата кога станува збор за продолжување на работата со забавни паркови.

Прегледи:
286
Објавено на:
06.04.2021