-ДЈ ЕРИК ФОКС И СИМОНА ВО СОРАБОТКА СО БРАЗИЛСКИ ПРОДУЦЕНТИ

На наше огромно задоволство денес е пуштен во етер ремиксот на првата песна, со која се прослави овој бенд -најголемиот хит на Соунд Месенџерс од пред 4 години “Love Me”, за кој е снимен и видео запис.

Синглот дожиеа свое реиздавање и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите дји и ремиксери во Bразил и Jужна Aмерика; Хадсон Леите и Тајлесон Пабло. Тие имаат ремиксувано повеке од 200 песни на познати светски изведувачи како: SELENA GOMEZ, ALAN WALKER, THE CRANBERIES, JASON DERULO, INNA, ANTONIA, CELINE DION, FIFTH HARMONY, SIA, DJ LAYLA, PAULA MATTOS, JUSTIN BIEBER, OMI, JAY SEAN, NE-YO и многу други….

Од целиот репертоар на нашите авторски песни, највеќе им се допадна Love Me и нашата Симона и од таму
инспирацијата за ремикс за истата во две верзии – радиска и се разбира клубска. Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.




Коментари

коментари