ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Рибите денес ги очекува забава и танцување со пријателите, Девиците ќе бидат преплавени од обврски и работа, а Шкорпиите ги очекува голема прослава, свадба или друга свеченост..

ОВЕН
Денес е одличен ден за дружба со вашите најсакани но не баш поволен ден за донесување важни одлуки. Ограничете ги вашите трошоци, одложете го шопингот на важни нешта за утре.

БИК
Обидете се да не влегувате во конфликт со вашите колеги или некој ваш надреден на работното место. Понекогаш е поважно да се остане смирен од тоа да бидете секогаш во право, избирајте ги вашите борби внимателно денес. Ќе ви биде драго кога на крајот се ќе испадне онака како што сте посакувале.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе сакате да се социјализирате и да се забавувате, ќе немате многу концентрација за работното место или за сериозни нешта. Вашите обврски денес ќе ги ставите на пауза, но утре веќе ќе морате да се вратите назад во колосек. Немојте да дозволите да претрпите штета на вашето работно место само поради тривијални задоволства.

РАК
Денес внимавајте на зборовите кои ги изговарате, кога сте во неодумица дали да кажете нешто, гризнете си го јазикот, тоа може да ве спаси од големи конфликти. Тензијата која ќе ја чувствувате со сите на кои ќе налетате ќе помине за кратко, бидете трпеливи.

ЛАВ
Ќе имате недоразбирање со ваш пријател, но колку повеќе го одолговлекувате случајот толку полош ќе биде вашиот одно. Бирајте ги вашите зборови внимателно и тактички и изјаснувајте се себеси отворено. Не би сакале сето тоа да заврши во лоша насока.

ДЕВИЦА
Некој стрес денес ќе ве направи уморени. Можно е тоа да е прекумерната работа која ви се натрупала во последниот период па крајниот рок за извршување на сите обврски е денес. Направете се за да се организирате добро и да ја смирите вашата лутина. Одговарајте рационално на секој предизвик.

ВАГА
Денес треба да покажете контрола врз вашите емоции за да не претрпите несакани последици. Некој инцидент кој сте го доживеале ќе ви се искристализира и ќе ви стане јасно дека се се случило онака како што треба и попусто сте се се нервирале.

ШКОРПИЈА
Денес ќе откриете дека вашата секојдневна рутина ќе биде прекината поради некој настан во вашето семејство, веројатно веселба или свадба. Ќе бидете преокупирани со подготовките и тоа ќе ве исфрли од колосек. Наместо да сте под стрес, уживајте во овој период, овој настан ќе ви ја разбуди возбудата и забавниот дух.

СТРЕЛЕЦ
Немојте да се вовлекувате себеси во расправии со пријателите. Ако се најдете себеси во тензична ситуација, останете смирени. Секоја конфортанција би можела да наштети на вашето ментално здравје и односите со пријателите.

ЈАРЕЦ
Обидете се да не го изгубите вашето трпение денес. Иако можеби ќе бидете искушени, обидете се да останете смирени, во спротивно тоа може да предизвика губење на интерес и чувства кај некој кој ви значи. Немојте да дозволите да изгубите драга личност поради вашиот темперамент.

ВОДОЛИЈА
Можни се препирки со партнерот или некој близок. Треба да научите да се носите со критиките и ситуации во кои е потребно да се кажува вистината. Би било добро да се соочите со фактот дека вашите најсакани не можат секогаш да ја разубавуваат реалноста за да не ве повредат, понекогаш морате да се соочите со вистината.

РИБИ
Денес ќе бидете особено социјални па можно е и да заблескате танцувајќи на подиумот. Ќе се ослободите од стресот и ќе се препуштите на забавата и смеата. Уживајте!




Коментари

[fbcomments]