Категории

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Денес Шкорпиите можно е да се вљубат во некој згоден странец, Близнаците треба да започнат да штедат а на Раковите им престои ново познанство со потенцијален бизнис партнер..

 

ОВЕН
Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе нараснат, тогаш држете се понастрана. Можно е некои расправии да заминат во погрешна насока, стојте на неутрална страна, подоцна ќе бидете среќни што сте избрале да не бидете вмешани.

БИК
Доколку имате некои спорови или договори, денес конечно ќе ги решите. Вашите проекти ќе бидат одобрени и признаени. Ова е идеална шанса за вас да завршите се навреме, зошто да го чекате крајниот рок кога можете да завршите се веднаш..?

БЛИЗНАЦИ
Јасно е дека поседувате две страни на вашата личност – едната е сензибилна а другата е бунтовна, во зависност од тоа кој ваш близнак ќе владее денес, денес е одличен ден за нов почеток, па најдобро е да го искористите за штедење за нешто посебно.

РАК
Нови познанства ќе ви донесат одлични информации кои ќе ви причинат големо задоволство. Доколку ви пристигнат некои ненадејни покани за дружби, немојте да ги одбивате, можно е да ја запознаете вашата нова љубов или некој нов бизнис партнер.

ЛАВ
Колку и да сакате драма и адреналин во врската, денес не е баш идеалниот ден за тоа. Денес е идеален ден да се посветите на некоја уметност која ја обожавате и долго време ја занемарувате. Ќе бидете особено инспирирани.

ДЕВИЦА
Денес ќе поседувате самодоверба за да ги следите вашите соништа, особено оние кои го вклучуваат социјалниот статус и кариерата. Немојте да бидете срамежливи – можно е да добиете унапредување така што ќе ги искажете вашите мисли и планови.

ВАГА
Денес ви претстои ново пријателство кое ќе процвета во нешто прекрасно. Луѓето во вашето опкружување ќе ги поддржуваат вашите идеи и тоа ќе ви биде одлична помош во вашето напредување. Ќе сакате да ги обновите врските со некои ваши членови од поширокото семејство.

ШКОРПИЈА
Денес ќе во вас ќе гори страста за патувања и нови искуства. Ќе уживате во вкусот на необичните јадења и и ќе посакате да гледате некои странски филмови. Ќе посакате да научите некој нов јазик, а оние кои се сингл ќе запознаат некој згоден странец.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот шарм ќе маѓепса некој за кој ќе мислите дека е надвор од вашиот дофат. Бидете пријателски настроени и отворени, ќе ги освоите срцата и на оние на кои порано не сте им оставиле добар впечаток.

ЈАРЕЦ
Ако овој период сте биле преокупирани со работа и обврски, сега е идеален ден да се релаксирате со луѓето кои ви значат и ве прават среќни. Доколку сте му направиле услуга на некој ваш колега, таа конечно ќе ви биде вратена.

ВОДОЛИЈА
Денес е важно да сфатите дека секој има свое право на избор па немојте да ве фрустрира тоа доколку другите не го делат вашето мислење. Денес е идеален ден за организрање. Направете планови за вашите обврски и одговрете на мејловите кои долго време сте ги ставиле на чекање.

РИБИ
Денес ќе бидете спонтани и се ќе ви оди од рака. Некои нешта ќе се одвиваат многу подобро од тоа што сте очекувале, особено они за кои воопшто не сте полагале многу надеж. Дозволете и на вашата интуиција и чувства да ве водат, тие ќе ги обликуваат вашите соништа.