ДНК го објави најновиот видеозапис за „Најмила“ (ВИДЕО)

По промоцијата на нумерата „Најмила” што веќе неколку недели се слуша во радискиот етер и е вистински хит, стигнува и видео записот за најновата песна на ДНК.

Главните улоги во спотот и овој пат им припаднаа на Андреј, Панчо, а исто така се појавува и македонскиот модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска. Интересно, во видеото Катарина нема една туку две улоги.

 Видео записот се снимаше во Брик Бар, во апартман во Скопје и на Водно, а е изработен од Томато Продукција.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=asKlEojCj08[/tube]




Коментари

коментари