Чек дис аут
Search


До 2100. година Алпите ќе останат без снег?

До крајот на овој век, дури 70% од снегот на Алпите ќе се стопи, а ски сезоните ќе бидат многу пократки.

Швајцарски научници на состанокот на Европската геонаучна унија во Виена, претставија студија во која тие
предвидуваат дека до крајот на 21 век, глобалното затоплување ќе го стопи поголемиот дел од ледот кој го обликува изгледот и екосистемот на денешните Алпи.
Дури и ако светот успее да ја постигне зададената цел, глобалното затоплување да се сведе и намали за два
степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, две третини од мразот во европскиот планински
ланец ќе исчезне до 2100 година, тврдат научниците на ETH.
„Алпите воглавно ќе останат без лед до 2100 година и само мали делови на мраз ќе останат на врвовите“, вели коавторот на студијата Маријас Хус.


Научниците сметаат дека во 2050 година нема да има ледови на алпските врвови, а во другата половина на
векот, растот на температурата ќе биде многу поизразен. Проблемот е што намалувањето на ледот на Алпите, ќе го поремети екосистемот и ќе влијае на економијата на тоа подрачје, затоа што планината е таа која ги привлекува туристите.


Но, од нив со вода се снабдува и целиот растителен и животински свет, како и земјоделството и хидроелектраните.




Коментари

коментари