До личноста која го скрши моето срце: „Ти благодарам!“

Ова е за тебе – личноста која ми го скрши срцето во безброј мали парчиња. Личноста која ги уништи моите надежи. За сето тоа – ТИ БЛАГОДАРАМ!

Ти благодарам што ме скрши, бидејќи сега повторно сум цела.

Знам дека ова можеби звучи смешно, но јас навистина сум ти благодарна што се однесуваше лошо со мене, бидејќи сега знам како заслужувам да се однесуваат со мене. Заслужувам маж кој ќе ме прифати и ќе ми се радува. Заслужувам маж кој ќе ги сака моите маани и слабости.

Заслужувам маж кој ќе се однесува кон мене со грижа, трпение и сочувство. Човек кој ќе се однесува кон мене со почит и достоинство. Маж кој секогаш ќе биде тука за мене. Оној кој ќе ме сака вистински, со цело срце и безусловно.

Ти благодарам и што ми ја уништи довербата во тебе. Ти благодарам што ми беше толку неверен. Ти благодарам што ме лажеше безброј пати. Бидејќи знам дека твојата неверност не беше по моја вина. Знам дека не бев јас таа која не беше доволно добра. Всушност, беше сосема спротивно.

Ти благодарам што не беше тука за мене кога ми требаше најмногу. Ме научи како да сакам и да се грижам за себе. Ме научи дека секогаш треба да дадам приоритет на своите желби и потреби пред оние на другите. Ме научи дека постојат луѓе кои само сакаат да ме искористат.

Ти благодарам што ми направи да се чувствувам слаба и безвредна. Сега сум свесна за мојата вредност повеќе од било кога. Сега сум свесна за своите квалитети и сила. Сега верувам во себе. Сега знам дека можам да постигнам сѐ што ќе замислам.

Исто така, благодарна сум ти што не ме сакаше. Сега се сакам себеси онака како што никој нема да ме сака. Си ги сакам своите иритирачки навики, моите несигурности, моите грешки, стравови, рани – оние кои ги мразеше.

И за крај, благодарна сум ти што ми покажа како изгледа еднострана, хаотична врска. Ти благодарам што ме научи што значи себичност и непочитување. Ти благодарам што ме скрши на милион парчиња само за да пронајдам сила и храброст да станам и да си ги залечам раните – раните кои направи на моето срце и душа.

Ти благодарам што ги уништи моите надежи и што уништи сѐ во што верував дека е вистинско и чисто. Бидејќи тоа ми помогна да прераснам во личноста која сум денес. Тоа ми помогна да станам посилна и помудра.

Ти благодарам!




Коментари

коментари