Категории

Доаѓате дома полни со грижи? – Мудра приказна која ќе ве освести

„Еднаш ангажирав врвен столар за да ми помогне во реновирањето на летната колиба. Но на заминување му пукна гумата од камионот, пилата му откажа, а сега камионот не сака да запали. Додека го возев дома, седеше сериозен во камена тишина.
Кога пристигнавме, ме покани да го запознаат неговото семејство. Додека чекоревме према вратата, накратко застана пред едно мало стебло, ги допре врвовите на гранките со двете дланки. Пред да се отвори вратата од куќата, тој неверојатно се промени. Неговото црвено тажн лице засвети со насмевка и ги прегрна трите мали дечиња и ја бакна својата сопруга.
Потоа ме испрати до автомобилот. Поминавме покрај стеблото, а јас горев од радозналост.
Го прашав, што се случи пред малку.
„Ох, тоа е моето стебло на грижите“, одговори. „Знам дека не можам да ги избегнат проблемите на работа, но едно е сигурно, тие проблеми не припаѓаат дома, кај мојата жена и деца. Затоа ги обесувам на стеблото секоја вечер, пред да влезам дома. Наутро кога ќе тргнам на работа, ги земам повторно“.
За миг застана.. „Но смешно е..“ се насмевна, „..кога наутро ќе дојдам по нив за да ги земам повторно, ги нема ни приближно толку колку што се сеќавам дека ги обесив претходната вечер“.“

Прегледи:
420
Објавено на:
07.12.2019