Категории

Добитник е на Еми, Греми, Оскар и Томи награди – И е прогласен за НАЈСЕКСАПИЛЕН МАЖ на светот

Дами, дали се сложувате?

Американскиот пеач и актер Џон Леџенд е прогласен за најсексапилен жив човек во изборот на магазинот „People“.
Леџенд (40) е оженет со манекенката Криси Тиген со која има две деца.
Тој е првиот афроамериканец кој за својата работа добил Еми, Греми, Оскар и Тони награда.

„Возбуден сум, но во исто време и малку уплашен затоа што тоа е голем притисок. Секако сега секој ќе ме загледува и ќе суди за тоа дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула“, кажа Леџенд за магазинот „People“.

Џон исто така се нашали дека конечно „успеа да ја импресионира својата жена“, а таа на тоа изјави: „Мојата тајна е откриена, едвај чекам луѓето да се налутат на тоа што Џон е најсексапилниот човек на светот“.

Прегледи:
340
Објавено на:
07.12.2019