Добра вест за мажите кои спиеле со повеќе од 20 жени

Оваа вест се однесува на сите мажи кои во својата љубовна “кариера“ спиеле со над 20 жени. Тој број на партнерки може да го спаси мажот од рак на простата, открива истражувањето на Универзитетот во Монтреал. Поточно, мажите кои спиеле со повеќе од 20 жени, со тоа го намалиле ризикот од развој на рак на простата за речиси една третина, а тие имаат 19 отсто помал ризик од развој на тој карцином од најагресивен вид. Во студијата биле вклучени 3200 мажи.

Кај мажите кои немале сексуални односи со повеќе од 20 партнерки било откриено дека имаат два пати повеќе шанси да добијат рак на простата. Кај хомосексуалците состојбата е поинаква. Мажи кои имале секс со над 20 мажи имаат два пати поголем ризик од развивање на рак на простата, што е спротивно од мажите кои спиеле само со еден човек, кои не се изложени на зголемен ризик.




Коментари

коментари